Медведев ја освои Доха, Крејчикова најдобра во Дубаи

После освоениот турнир во Ротердам, рускиот тенисер Данил Медведев го освои АТП турнирот во Доха. Осмиот тенисер на светот во два идентични сета во финалето го совлада британскиот тенисер Енди Мареј со 2-0 (6:4, 6:4).

Двајцата тенисери направија по 16 неизнудени грешки, но Русинот имаше 20 винеди, пет повеќе од противникот. Медведев беше подобар на брејк топките, искористи четири од осум.

Чепката тенисерка Барбора Крејчикова го освои ВТА турнирот во Дубаи, совладувајќи ја водечката на ВТА листата Ига Швојнтек со 2-0.

Се вчитува...