Медведев ја прескокна „мината“ наречена Кирјос, елиминација на Мареј

Вториот тенисер во светот, Данил Медведев успеа да ја прескокне „мината“ наречен Ник Кирјос во второто коло на Австралија опен. Русинот беше подобар од домашниот тенисер со 3-1 по сетови 7-6, 6-4, 4-6 и 6-2.

Во третото коло Медведев за противник ќе го има Холанѓанецот, Ботиќ ван де Зандшулп.

Елиминација во второто коло доживеа поранешниот финалист Енди Мареј кој изненадувачки лесно загуби од Јапонецот Таро Даниел со 3-0 (6-4, 6-4 и 6-4). Во третото коло пласман обезбеди и Стефанос Циципас, како и Русинот, Андреј Рубљов.

Се вчитува...