Медведев ќе го предизвика Надал во финалето на Австралија опен

Данил Медведев ќе го предизвика Рафаел Надал во финалето на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен. Русинот во второто полуфинале славеше над Гркот, Стефанос Циципас со 3-1 по сетови 7-6, 4-6, 6-4 и 6-1.

Претходно во првото полуфинале со истиот резултат по сетови 3-1 (6-3, 6-2, 3-6 и 6-3) славеше над Италијанецот Матео Беретини. Финалниот натпревар во машка конкуренција е закажан за в недела, додека утре во женското финале ќе се сретнат Ешли Барти и Даниеле Колинс.

Се вчитува...