Медведев не го поддржува Путин: Не сум горд Русин – Јас сум за мир, оваа војна треба веднаш да прекине!

Првиот тенисер во светот Данил Медведев зазеде јасен став од почетокот на руската инвазија на Украина. Иако е роден во Русија, Медведев е огорчен од она што го прави руската армија која веќе десет дена води војна на територијата на Украина и се обидува да ја освои оваа соседна земја.

Медведев потенцираше дека знае колку е важен мирот во светот, па како најдобар тенисер го изрази своето незадоволство од случувањата во Украина. Имено, тој го отстрани руското знаме од описот на својот Инстаграм профил, што во суштина беше порака дека не се гордее што е Русин во деновите кога армијата на земјата растера Украинци и убива цивили на нејзина територија.

„Јас сум спортист и се залагам за мир во светот, жал ми е што го гледам сето ова. Никој не може да биде горд заради воен конфликт на својата земја. Јас сум за мир! Пред турнирот во Акапулко, наутро ме пречекаа лоши вести за сите настани“, потенцираше Медведев.

Новинарката Кимберли Гивант откако забележала дека руското знаме исчезнало од Инстаграм профилот на првиот рекет во светот, го прашала тимот на Данил зошто тенисерот се одлучил на овој потег?

„За потегот на Инстаграм не сакаме да коментираме, пораката е јасна“, изјави агентот на Медведев.

Поради ситуацијата во Украина, многу спортски управни тела им забранија на руските спортисти да учествуваат на меѓународни турнири.

 

 

 

Се вчитува...