Медведев: Подготвен сум за Надал, се надевам дека Новак ќе го гледа финалето

Вториот тенисер на светот, Данил Медведев ќе го предизвика Рафаел Надал во финалето на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен, откако во полуфиналето славеше над Гркот, Стефанос Циципас.

По мечот тој изјави дека е подготвен за дуелот против Шпанецот, но и дека се надева дека мечот ќе го гледа и Новак Ѓоковиќ.

„Подготвен сум за натпреварот против Надал. Интересно е тоа што повторно ќе играм против тенисер кој сака да ја освои својата 21. гранд-слем титула. Претпоставувам дека Рафа го гледаше мојот меч со Новак на УС опен, па затоа се надевам дека и Ѓоковиќ сега ќе го гледа финалето“, изјави Медведев. 

Доколку Русинот успее да триумфира тој ќе го преземе првото место на АТП листата.

Се вчитува...