Медведев: Секогаш сум против војна, многу ми е жал за Украинците

Данил Медведев се пласираше во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс, по што рускиот тенисер даде свој коментар и за војната во Украина.

„Многу ми е жал за сите украински играчи и се она што се случува. Јас отсекогаш сум го велел истото, секогаш сум за мир насекаде во светот, секогаш сум против војна“, изјави Медведев.

Русинот по триумфот во четвртфиналето над Шпанецот Фокина, во полуфиналето за ривал ќе го има американскиот тенисер Тиафо.

Се вчитува...