Медведев со комплименти: Не сум му дораснат на Ѓоковиќ, тој е лига сама за себе

Данил Медведев не штедеше комплименти за Новак Ѓоковиќ по одличниот меч што двајцата тенисери го одиграа на завршниот АТП-турнир во Торино.

Мечот немаше резултатско значеше, Ѓоковиќ секако беше прв во групата, а Медведев елиминиран, но двајцата врвни тенисери приредија фантастично шоу. Русинот беше многу блиску до триумф откако во решавачкиот сет имаше водство од 5-4  и сервис, но Ѓоковиќ блесна кога беше најважно, направи пресврт и стигна до нова победа.

„Новак Ѓоковиќ е лига сама за себе, тоа е сигурно, заедно со Федерер и со Надал, потоа одат сите останати. Дефинитивно, не сум му ниту блиску. Можеби кога играме мечевите ни се израмнети, но генерално не можете да ме споредите соЃоковиќ или со било кој друг од големата тројка“, изјави Медведев.

Се вчитува...