Медведев со тешка победа над Креси – Чилиќ со пораз се прости од АО

Не му беше лесно на Данило Медведев во четвртото коло на Отвореното првенство на Австралија. По скоро три и пол часа игра, рускиот тенисер го победи Американецот Максим Креси со 6:2, 7:6, 6:7, 7:5.

Второпласираниот светски тенисер немаше воопшто лесна задача, но на крај успеа да издвои победа за втора година по ред да игра во четвртфиналето на гренд слемот во Мелбурн.

Негов ривал во полуфиналето ќе биде Феликс Оже-Алиасим, кој го надигра Марин Чилиќ со 3-1 во сетови.

 

 

 

Во женска конкуренција 14. носителка Симона Халеп (Романија) загуби од Французинката Ализе Корне со 1:2 (4:6, 6:3, 4:6) за нејзино прво грен слем четвртфинале.

За влез во полуфиналето Корне ќе игра против Американката Дениел Роуз Колинс која со 4:6, 6:4 и 6:4 славеше против Елис Мертенс (Белгија).

Се вчитува...