Даниил Медведев се квалификуваше за четвртиот круг од Мастерс серијата вредна 8,58 милиони долари во Мајами, САД. Русинот го победи Шпанецот Педро Мартинез со 6-3, 6-4 во 84 минута.
Во првиот сет, Медведев беше супериорен на свој сервис, откако загуби само четири поени во пет гема, а до посакуваниот брејк стигна во осмиот гем и си обезбеди позитива за водство во сетови од 1-0.
Во вториот сет имаше неколку падови во својата игра, но не дозволи шпанскиот тенисер да се врати на мечот и со 6-4 останува во битката за трофејот на овој Мастерс.
Сега на Медведев му требаат уште две победи за повторно да го преземе првото место на АТП листата од Новак Ѓоковиќ. Негов противник во осминафиналето ќе биде подобриот од дуелот Баутиста Агут – Бруксби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА