Данил Медведев вообичаено се вбројува меѓу фаворитите за УС Опен, но Русинот овојпат во лоша форма ќе го дочека американскиот гранслем. Доказ за тоа е и неговиот слаб настап на Мастерс-турнирот во Синсинати.
Медведев во првото коло се сретна со Јиржи Лехечка од Чешка, но не успеа да ја оправда фаворитската улога губејќи со 0-2 во сетови. Во првиот се играше израмнето без ниту еден брејк, но Медведев целосно потфрли во тајбрејкот што противникот го доби со 2-7. Во вториот Лехечка успеа да стигне до брејк и да го сочува својот сервис до крајот, славејќи со 4-6 за место во следната рунда каде го очекува дуел со Тиафо, кој славеше над Музети.
Само за потсетување, Данил Медведев беше елиминиран и на стартот од Мастерс-турнирот во Монтреал, па јасно е дека рускиот тенисер се соочува со многу проблеми пред овогодинешното издание на УС Опен, турнир каде лани стигна до големото финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА