Полјакот Хуберт Хуркач се пласираше во полуфиналето на АТП мастерс 1000 турнирот во Мајами откако во четвртфиналето славеше над Русинот, Данил Медведев со 2-0, по сетови 7-6 и 6-3.
Со овој триумф Полјакот го задржа, Новак Ѓоковиќ на првата позиција на АТП листата, бидејќи Медведев на турнирот во Флорида мораше да се пласира минимум во полуфиналето доколку сакаше повторно да го врати лидерското место на АТП листата.
Во полуфиналето Хуркач го чека подобриот од последното четвртфинале во кое ќе се сретнат Србинот, Кецмановиќ и Шпанецот Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА