Мега-размена во НБА: Ирвинг во Бостон, Ајзеа Томас се сели во Кливленд

Кливленд и Бостон го договорија трејдот на деценијата, Кајри Ирвинг од денес е „селтик“, додека Ајзеа Томас ќе ги брани боите на вицешампионот. Како дел од размената, во ростерот на Кливленд ќе се приклучат Џеј Краудер, Анте Жижиќ, и пикот од првата рунда на Нетс за драфтот во 2018 година, кој Бостон го доби од Бруклин.

Кајри цело лето го чекаше вистинскиот клуб во кој ќе може да гради кариера на лидер. По поразот од Голден Стејт во финалната серија, Ирвинг сметаше дека е време за промена на средината, но главна причина за одлуката да замине од Охајо беше да излезе од сенката на Џејмс. Наводно, и двајцата не разговарале за време на финалните натпревари против Вориорс, што е една од причините за заминувањето.

Организаторот на „селтикси“, Ајзеа Томас веќе го имаше статусот на лидер во тимот, но неговата желба да оствари нешто повеќе во кариерата, го натера да го прифати трејдот во Кавси. Кливленд и покрај тоа што останува без еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, секако ќе биде втор фаворит за титулата, сметајќи дека Томас е адекватна за Ирвинг. Прашање е дали ќе може да го одржи просечниот учинок од минатата сезона. Нема сомнежи дека Томас заедно со Дерик Роуз ќе претставуваат значајна поддршка  за Леброн.

За вицешампионот останува уште една главна работа, да го убедат Џејмс да остане во клубот, сметаат дека со доведување на уште една ѕвезда ќе ги задоволат потребите на нивниот најдобар играч.

Селтикс и Кавалирс ќе се сретнат на отварањето на новата сезона во НБА лигата.

Се вчитува...