Мега-трансферот потврден: Браќата Кошта се селат во Бундес-лигата

Долго време се шпекулираше, но од денеска веќе е и официјално, браќата Мартим и Кико Кошта на крајот од сезоната 2026/27 ќе го напуштат Спортинг Лисабон и ќе се преселат во најсилната лига во светот.

Германски Фленсбург ќе биде новиот клуб на португалскиот семеен тандем, овој тим водеше најинтензивни преговори со браќата Кошта, се шпекулираше дури и доведување на нивниот татко во стручниот штаб, за денеска конечно да биде официјално потврден трансферот што сите фанови на Фленсбург со нетрпение го очекуваа.

„Добредојдовте во Фленсбург, Мартим и Кико Кошта. Браќата кошта доаѓаат во Фленсбург во 20027. Од почит кон Спортинг и кон португалското ракометно семејство, нема да објавуваме фотографии и видеа… Со нетрпение очекуваме да ги видиме Кико и Мартим во нашиот дрес од сезоната 2027/28“, објави Фленсбург.

„Оваа сезона ќе ми биде последна во Спортинг. Сакам да уживам и потоа се селам во Фленсбург“, истакна Кико Кошта.

Се вчитува...