МЕГАПОНУДА од Франција: Лил нуди супер-дил…500.000 евра за Давид Тошевски

Францускиот прволигаш Лил е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Работнички, Давид Тошевски. Клубот кој ја заврши прекинатата сезона во Ле шампионат на четвртата позиција и ќе игра во Лигата на Европа, подготви понуда вредна 500.000 евра за ангажман на талентираниот голгетер.

Сепак, Лил не е и единствениот заинтересиран европски клуб за Давид Тошевски. Во опција се и понудите од Легија Варшава и од белгискиот Гент.

Доколку биде реализиран овој мегатрансфер во Франција, Давид Тошевски ќе тргне по стапките на Влатко Стојановски кој минатото лето од македонски клуб, Ренова, се пресели во Ним.

Давид Тошевски (18) е еден од најталентираните изданоци на школата на Работнички по Елиф Елмас, во јуни 2019 година потпиша професионален договор со клубот од Дебар Маало. Тој е член на младата фудбалска репрезентација до 19 години.

Се вчитува...