Откако ги продадоа Рори, Тијани Рејндерс, Бернардо Силва и Нико Гонзалез, од Манчестер Сити заминува уште еден фудбалер од средниот ред. Станува збор за Матео Ковачиќ, кој е на излезна врата од „Етихад“.
Хрватот во последно време не е во плановите на тимот, а се чини дека и Енцо Мареска нема да смета на него во новата сезона.
Ковачиќ од 2023 година е дел од Манчестер Сити, откако претходно четири години помина во Челси. Беше дел и од Интер и од Реал Мадрид.
Милан и Астон Вила се истакнуваат како сериозни кандидати за неговиот потпис, а исто така се појавува и опција Вест Хем, но хрватскиот репрезентативец засега сака да остане во „елитниот“ фудбал, а не да игра во Чемпионшип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
