Фудбалскиот свет го потресе нова сензационална трансфер-шпекулација. Ливерпул наводно стапил во контакт со Интер Мајами околу можноста за ангажман на Лионел Меси.
Според информацијата која се појави на социјалните мрежи, англискиот гигант веќе отворил разговори со американскиот клуб за евентуално доведување на аргентинската суперѕвезда на „Енфилд“. Сепак, засега нема потврда од Ливерпул, Интер Мајами или тимот на Меси, па информацијата треба да се земе со голема доза на резерва.
Сè започна со објава на профилот „Anfield Papers“, кој сподели информација дека Ливерпул наводно почнал разговори за потенцијалн трансфер на Лионел Меси.
Како што можеше да се очекува, веста веднаш предизвика огромен број реакции кај навивачите на Ливерпул и љубителите на фудбалот.
Меѓу коментарите можат да се прочитаат: „Не е 1 април, луѓе“. „Не бидете луди.“. „Па ова не е нормално.“ „Ако навистина е точно, ова е вистинска бомба.“
Но, имаше и такви кои веруваат дека можеби навистина има нешто зад целата приказна: „Каде што има чад, има и оган.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
