Чави со брутален одговор откако дозна дека бил трета опција за селектор на Холандија

Новиот селектор на Холандија, Чави Хернандез, не се оптоварува со фактот дека не бил прв избор за селекторската функција.

Спортскиот директор на холандската репрезентација, Најџел де Јонг, откри дека пред Чави, првите кандидати за селекторската позиција биле Пеп Гвардиола и Арне Слот, додека поранешниот тренер на Барселона бил третата опција.

Сепак, Чави на прес-конференцијата покажа дека тоа воопшто не му претставува проблем.

„Не ми е важно дали сум трет или десетти избор! За мене е голема чест што сум селектор на Холандија“, порача Шпанецот.

Чави истакна дека чувствува посебна поврзаност со холандскиот фудбал и најави дека сака неговата репрезентација да игра со многу посед, но и со голема страст.

„Имам многу врски со оваа земја. Имам чувство како да одам на фудбалски универзитет. Сакам мојата екипа секогаш да ја има топката, но и да игра со многу страст. Тука сме за да се натпреваруваме, да уживаме и да победуваме. Повторувам – тука сме да победуваме. Сакам овде да создадам едно големо семејство“, додаде Чави.

Чави неодамна потпиша четиригодишен договор и ја презеде Холандија од Роналд Куман, со цел да ја врати репрезентацијата во европскиот и светскиот врв.

Се вчитува...