Мегленски се врати во Победа, ќе му асистира на Бубања

Една од легендите на прилепска Победа, поранешниот македонски репрезентативец Тони Мегленски ќе биде нов член на стручниот штаб на прилепчани враќајќи се во клубот како асистент на Славољуб Бубања.

Идниот претседател на клубот, Небојша Стојковиќ и спортскиот директор Јане Николоски денеска го претставија пред фудбалерите новиот член на стручниот штаб кој по една година се враќа во Победа.

Мегленски со Победа беше шампион на Македонија 2003/2004 и 2006/2007 и победник во Купот на Македонија во сезоната 2001/2002. За Победа одигра повеќе од 250 првенствени натпревари а постигна 23 гола. Има и 3 настапи за сениорската А репрезентација на Македонија во квалификации и 8 настапи на пријателски натпревари за националниот тим.

„Со задоволство ја прифатив понудата која не можев да ја одбијам да помогнам на Победа. И во минатото секогаш сум бил со клубот и сум помагал во неговите најтешки денови. Ќе бидам на располагање со сето мое знаење и искуство да помогнам, иако постои можност за интернационален тренерски ангажман“ – истакна Мегленски по прифаќањето на понудата да се приклучи на стручниот штаб на Победа.

Се вчитува...