Меѓународната џудо федерација објави суспензија на статусот на Путин

Во врска со тековниот воен конфликт во Украина, Меѓународната џудо федерација објави суспензија на статусот на Владимир Путин како почесен претседател и амбасадор на Меѓународната џудо федерација (IJF).

Рускиот претседател често се појавуваше низ медиумите покажувајќи како ја одржува својата форма со постојани тренинзи заедно со руската џудо репрезентација.

Путин тренира џудо многу години и е мајстор во спортот. Претседателот на Русија поседува и црн појас во карате.

Се вчитува...