Мегваер: Стравував за мојот живот, нема да се извинам…

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер во интервју за „Би-би-си“ вели дека не се чувствува воопшто виновен за скандалот на островот Миконос во Грција.

Мегваер најпрво беше вклучен во физичка пресметка со група луѓе, а потоа заврши во притвор притоа изнесувајќи бројни навреди на сметка на грчката полиција и правосудните органи. Грчкиот суд го прогласи виновен осудувајќи го на 21 месец и 10 дена затвор поради тежок напад и обид за подмитување на полицаец. По пресудата Мегваер најави дека ќе вложи жалба.

„Беше грозно да се слушне дека сум осуден. Не можев да верувам“ – вели Мегваер, дополнувајќи дека нема да се извини затоа што на тој начин би признал дека направил нешто погрешно.

„Ако се извинам тоа ќе значи дека сум погрешки. Но, јас не направив ништо лошо. Само ми е жал што ги изложив клубот и навивачите на целокупната оваа непријатност. Но, ќе повторам, ништо не погрешив“ – тврди англискиот репрезентативец и дополнува:

„Оваа ситуација можеше да му се случи на секого и секаде. Многумина ме удираа по нозете. Почнав да паничам, се чувствував загрозено, се плашев за мојот живот. Знам што се случи таа ноќ. Кога зборувам за тоа се уште ми доаѓа лутина, затоа што доживеав неправда. Но, ќе продолжам понатаму затоа што ментално сум доволно силен“ – заклучува Мегваер.

Се вчитува...