Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер го опиша непријатниот повик со селекторот Томас Тухел, кога дознал дека нема биде дел од репрезентацијата на Англија за настап на Светското првенство.
Изоставувањето на 33-годишниот стопер беше едно од најголемите изненадувања во англиската репрезентација и на Мундијалот.
„Да бидам искрен, селекторот разговара со сите. Тоа беше доста непријатен повик. Ми рече дека не може да ми даде вистинска причина зошто ме нема во составот. Спомена дека избрал четири играчи за кои смета дека играле добро. Но, повтори дека не може да ми даде причина. Видете, тоа е фудбалот, иако беше тешко да се прифати“, рече Мегваер.
Стоперот е свесен дека шансите се мали да настапува на идниот Мундијал.
„Сега имам 33 години, на следното СП ќе имам 37. Тоа изгледа далеку. Сакав да одам на ова, па макар и да не играм. Му кажав и на селекторот дека не барав да бидам во стартните 11. Ќе бев задоволен и да одиграм само една минута“, изјави стоперот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
