Мегваер уапсен за тепачка на Миконос

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер заедно со двајца другари е уапсен во Миконос. Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот е приведен поради тоа што со другарите предизвикал тепачка во еден од ноќните клубови на островот. Веднаш по инцидентот реагирала полицијата, а Мегваер заедно со пријатели се обидел да се пресмета и со одржувачите на јавниот ред и мир.
„Манчестер Јунајтед го потврдува инцидентот во кој учествувал Мегваер минатата вечер на Миконос. Во контакт сме со Хари и тој целосно соработува со полицијата во Грција“, стои во соопштението од клубот.

Се вчитува...