Мејведер моли за борба со Хабиб, а не знае каков ќотек ќе изеде

Флојд Мејведер заработи девет милиони долари за помалку од три минути новогодишна борба со Теншин Насукава, откако веќе во првата рунда го нокаутираше јапонскиот кик-боксер. Американскиот боксер официјално се уште е во пензија, но агентот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз, обелодени дека Мејведер редовно контактира со него во обид да организира мега-пресметка од која и Флојд и Хабиб добро би заработиле.

Со Флојд Мејведер се допишувам веќе цел месец. Тој моли за борба со Хабиб, а не знае каков ќотек ќе излезе ако влезе во ринг со него. Му реков дека има 57 години, дека телото му е слабо, дека има мала глава. Луѓето мислат дека сум луд, но Хабиб би го скршил од ќотек Флојд. Тој е помлад, посилен и поцврст од Конор, кој издржа десет рунди против Мејведер. Хабиб никогаш не би се откажал како Конор. Флојд Мејведер не е борец, тој е спортист, знае само да боксува во ринг. Ако сака да  боксува со Хабиб, и тоа е во ред, ни се допаѓа идејата, но мора да дојде со многу подобра понуда. Флојд многу добро знае што значи тоа“ – истакна Абделазиз.

Нурмагомедов во текот на овој месец ќе дознае колкава суспензија ќе му биде изречена од страна на УФЦ за инцидентите по борбата со Мекгрегор, но оваа казна нема да биде пречка за тој да влезе во боксерска пресметка со Мејведер, кој досега нема пораз во рингот во својата кариера.

Се вчитува...