Мекиќ и Задар го освоија шестото место на Супер-купот на АБА

Екипата на Задар за која настапува македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ го освои шестото место на Супер-куп турнирот во АБА-лигата што се одржува во Подгорица.

Хрватскиот тим денеска во мечот за петтото место се сретна со Мега, губејќи неочекувано лесно и убедливо со резултат 78-101. Српскиот тим ја осигура победата уште во првото полувреме што го доби со 31-48, рутински контролирајќи го резултатот во преостанатите 20 минути од мечот.

Мекиќ го заврши натпреварот со седум постигнати поени (2/8 за тројка, 0/3 за два, 1/2 за еден поен.

Се вчитува...