Мекинро: Во Австралија најмногу го сакаат Новак, а не му дадоа да игра

Поранешниот светски тенисер број 1, Џон Мекинро и понатаму не може да сфати зошто на Новак Ѓоковиќ не му беше дозволено да игра на Австралија опен.

Американецот во емисијата „кјуб“ на Матс Виландер повторно се осврна околу целиот случај поврзан со српскиот тенисер.

„Ова е потполно лудо навистина не знам што ќе се случи следно. Тешко е коа голем дел од светот е против тебе. Тешко е да бидеш сакан, а сакаш, сите тоа го сакаме. Знам јас по себе. Австралија се чини како место каде најмногу го сакаат и и ма поддршка, но не му беше дозволено да игра. Многу изгуби со тоа што не се вакцинираше. Не знам што ќе се случува понатаму“, изјави Мекинро. 

 

Се вчитува...