Со победата над Германија од 2-0, Јужна Кореја го испрати Мексико во осминафиналето од Светското фудбалско првнество во Русија. Мексиканците и во Русија најдоа начини да изразат благодарност, но најинтензивно беше во Мексико Сити каде илјадници навивачи се собраа пред амбасадата на Јужна Кореја.
„Не знам ниту каде е Јужна Кореја, ама многу им благодарам“ – изјави Мигел, еден дел од навивачите кој беше пред амабасадата.
На насобраните Мексиканци им се обрати и амбасадорот на Јужна Јореја, Бјонг-Јин Хан, кој порача „денеска нема разлика меѓу Корејците и Мексиканците“.
Селекцијата на Мексико во осминафиналето ќе игра против репрезентацијата на Бразил.
Mexico fans at the South Korean embassy in Mexico City RT @FoxSportsBrasil: ???? ARRIBA, MEXICO! ????
Torcedores mexicanos dominam embaixada da Coréia do Sul na Cidade do México para comemorar a classificação!#FOXNaRussia #JogaOQueSabe pic.twitter.com/xUa6RXFxak
— Aun (@DasPackage13) June 27, 2018
Mexico fans went to the South Korean embassy and made the ambassador come out and drink tequila ? pic.twitter.com/hM7KasL73A
— ESPN FC (@ESPNFC) June 28, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА