Мектоминеј останува во Манчестер Јунајтед до 2025 година

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со младиот фудбалер за врска Скот Мектоминеј. Шкотот со клубот од „Олд Трафорд“ се обврза до 2025 година, со можност за продожување на уште една сезона.

„Разбирам дека во овој момент сите имаме многу други работи за кои треба да размислуваме, но сепак јас сум среќен поради новиот договор и што ќе бидам дел од овој тим во иднина“, изјави накратко Мектоминеј. 

23-годишникот е продукт на младинската школа на „црвените-ѓаволи“ каде е член од 2012 година. Своето деби за сениорскиот тим го имаше во 2017 против Арсенал, кога на клупата на клубот седеше Жозе Мурињо.  Оттогаш Мектоминњј забележа 75 настапи, а во последната сезона е еден од најстандардните фудбалери во тимот на Оле Гунар Солскјер.

Се вчитува...