Ѕвездата на Наполи, Скот Мек Томинеј, вели дека „најлесно е да се обвини Манчестер Јунајтед“ кога играчите што го напуштаат клубот и блескаат во нова средина.
Детето од академијата на Манчестер беше најдобриот играч во Серија А минатата сезона, во која ја освои титулата веднаш по неговото доаѓање во Наполи. Расмус Хојлунд е во слична позиција, како и Ентони Марсијал, а истото може да се каже и за Маркус Рашфорд.
„Најлесно е да се каже дека тие го напуштија Јунајтед и веднаш процветаа. Минатата сезона се снајдов добро, постигнав десет гола и го освоивме трофејот. Што се однесува до Рашфорд, имаше секакви работи во кои не сакам да навлегувам. Маркус е врвен играч. Отсекогаш бил. И тој е легенда на клубот. Постигна толку многу голови за Јунајтед за кој направи толку многу одлични работи. Но, понекогаш кога сте во центарот на вниманието, сè изгледа полошо отколку што е, барем јас така мислам“, рече МекТомини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

