Мело: Ќе направам што и да треба за да дојдеме до титула

Легендарниот кошаркар Кармело Ентони во новата сезона ќе биде дел од Лос Анџелес Лејкерс, тим кој со ветерански состав ќе се обиде да ја врати тиутлата во „градот на ангелите“. A, доколку успеат во тоа, за популарниот Мело тоа ќе биде и прв прстен во богатата НБА кариера.

Затоа искусниот кошаркар е подготвен да направи што и да треба и нема да му биде проблем доколку натпреварите ги започнува од клупата.

„Во оваа фаза на кариерата ќе направам што и да треба. Ајде да го направиме тоа. Не размислувам во стилот: ‘Не сакам да бидам на клупата, или морам да бидам во почетната петорка’. Што и да треба, тоа ќе го направам“, вели 37-годишникот кој потоа додаде „Бев стартер 17-18 години, а сега имам и едногодишно искуство започнувајќи ги натпреварите од клупа“.

 

Се вчитува...