Мелвин Ричардсон е новата „ракометна бомба“ на Барселона

Барселона продолжува да се засилува за наредната сезона, откако европскиот ракометен првак денеска го официјализираше и четвртото големо засилување. По крилото Анхел Фернандез следеа потписите на Лео Масиел и на египетскиот бек Али Зеин, за од денеска нов член на Барселона да биде и Мелвин Ричардсон.

Десниот бек, кој по потреба одлично се снаоѓа и како среден бек, доаѓа од редовите на Монпелје, неговиот трансфер се договараше неколку месеци за тој од денеска и официјално да стане нов член на каталонскиот гигант.

Ричардсон, кој е син на француската ракометна легенда Џексон Ричардсон, ќе биде четврти француски ракометар во ростерот на Барса за наредната сезона, заедно со Дика Мем, Фабрегас и со Нгесан.

Се вчитува...