Мемфис Депај и Ерик Гарсија ќе дојдат во Барселона во јануари

Холандскиот интернационалец Мемфис Депај од Лион и младиот стопер на Манчестер Сити, Ерик Гарсија, ќе пристигнат на „Камп Ноу“ во јануари. Иако имаше преговори за нивно доаѓање ова лето, сепак, на крајот трансферите се одложени за зимскиот преоден рок. Но, извесно е дека ќе се реализираат, тврдат каталонските медиуми.

Мемфис Депај беше договорен за трансфер, дури и Лион се сложи со отштетата, но неговиот трансфер во Барселона во последен момент го спречи Ла Лига. Причината беше од финансиска природа, проценката е дека Барселона го надминала планираниот буџет за плати во сениорскиот погон.

Барселона дури и ќе добие со одложувањето на трансферите. Во јануари Лион ќе бара минимална отштета за трансферот, најмногу до 10 милиони евра, а Депај е веќе договорен за годишна плата од 5 милиони евра.

Ерик Гарсија исто така го изразил своето незадоволство кај раководството на Манчестер Сити од малата минутажа и побарал сигурно да замине во зимскиот преоден рок. За него Барселона најверојатно ќе треба да плати отштета од 15 милиони евра.

Се вчитува...