Мемфис Депај на финални преговори со Барселона

Холандскиот напаѓач Мемфис Депај е многу блиску до трансфер во Барселона. Неговиот агент влезе во финални преговори за преселба на Депај на „Камп Ноу“ и како што најавуваат шпанските медиуми, сето ова треба да биде реализирано до крајот на денот, пред истекот на летниот преоден рок.

Трансферот го потврди и спортскиот директор на Лион, Жунињо.

„Депај има договор на лична основа со Барселона и тоа не е тајна. Би можел да потпише до крајот на преодниот рок и да се пресели во Шпанија“, изјави Жунињо.

Холанѓанецот е голема желба на новиот тренер Роналд Куман, кој на почетокот на оваа сезона го презеде составот на Барселона.

Се вчитува...