Мемфис по продолженија подобар од Њу Орлеанс, Харден ги предводеше Клиперс до победа

Кошаркарите на Мемфис Гризлис, го совладаа Њу Орлеанс после продолженијата со 116-115. Со тоа Мемфис запиша и втора победа по ред по враќањето на Џа Морант. Натпреварот во регуларниот дел беше резултатска нишалка, двата тима се менуваа во водство, а Њу Орлеанс „прокоцка“ предност од 15 поени. Мемфис успеа да избори продолжение, во кое доминираше, и заслужено победи. Џа Морант успеа да уфрли 31 поен.

Екипата на Сан Антонио реди порази, и ноќеска загуби од Јута. Со само четири победи во регуларниот дел од сезоната, е на дното на табелата. Спарс одново одиграа само една добра четвртина, а сите останати и припаднаа на гостите, кои на крајот рутински победи.

Во последниот натпревар ноќеска, ЛА Клиперс предводени од Џејмс Харден, беа подобри од Шарлот, кој го претрпе 21-виот пораз. разликата Клиперси ја направија во последниот период, кој го добија со 31-24, додека во останатите четвртини се „мачеа“ да го „разбијат“ аутсајдерот. Џејмс Харден постигна 29 поени, а го следеше Џорџ до 25.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Бруклин 112:118
Вашингтон – Орландо 119:127
Чикаго – Атланта 118:113
Хјустон – Индијана 117:123
Њу Орлеанс – Мемфис 115:116
Оклахома – Минесота 129:106
Сан Антонио – Јута 118:130
Портланд – Сакраменто 130:113

Се вчитува...