Мемфис се ослободи од Марк Гасол, продолжува во својот клуб Баскет Џирона во Шпанија

Марк Гасол и официјално е слободен кошаркар откако од неговите услуги се откажа неговиот довчерашен клуб, Мемфис.

Трократниот освојувач на НБА-престенот, како и неговиот брат По Гасол, по епизодата во НБА својата кошаркарска кариера ја продолжува во Шпанија.

Помладиот од браќата Гасол најголем дел од годините во НБА ги мина во Мемфис од каде пред две години беше трејдуван во тогашниот шампион Торонто, а минатата сезона ја мина во ЛА Лејкерс. Ова лето се врати во Мемфис, но сега и овој тим се откажа од неговите услуги.

Марк Гасол кариерата ја продолжува во Баскет Џирона, клуб кој е основан во 2014 година и чиј претседател е самиот тој.

Се вчитува...