Менаџерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер пред гостувањето на „Енфилд“ кај Ливерпул, кажа дека е среќен што се среќава со еден од најдобрите екипи во Премиерлигата, напоменувајќи дека има големи шанси да дојде до добар резултат.
Хирцелер кажа дека не се оптоварува многу со противникот и дека без оглед на нивната ситуација, оди на победа.
„И ние како и нашиот противник имавме свои подеми и падови од почетокот на сезоната, веројатно има два тима во лигата кои се навистина конзистентни во моментов. Сите други се борат едни против други на секој натпревар, а Ливерпул е дел од таа битка. Секој натпревар е можност за победа и во секој натпревар докажуваме дека можеме да победиме ского. Секогаш сакаме да се соочиме со најдобрите играчи и најдобрите тимови. Ова се предизвици со кои сакаме да се соочиме. Искрено, не знам со кого ќе игра Ливерпул против нас или во каква формација ќе се постават. Се фокусираме на нашите перформанси, нашите принципи на игра и стил. Одиме таму и знаеме дека без оглед на ситуацијата во која се наоѓа Ливерпул, тоа ќе биде огромен предизвик, но одиме таму за да излеземе и да победиме“, рече Хирцелер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

