Мертенс останува во Наполи до 2020 година

Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс одлучи да го продолжи договорот со италијанскиот калчолигаш Наполи. Според потписот за новата соработка, тој ќе остане на „Сан Паоло“ најмалку до 2020 година.

Мертенс беше желба и на неколку англиски премиерлигаши, преговараше со Манчестер јунајтед и со Тотенхем, но на крајот одлучи да го продолжи договорот со „наполитанците“. Оваа сезона тој е еден од најдобрите фудбалери во тимот на Маурицио Сари, постигна 33 гола и имаше 15 асистенции во сите конкуренции.

Се вчитува...