Мертенс потпиша нов двегодишен договор со Наполи, со опција да остане и до 2023

Белгискиот интернационалец Дрис Мертенс останува член на Наполи најмалку уште две сезони. Тој потпиша договор за нова двегодишна соработка со „наполитанците“, со опција за продолжување и за уште една дополнителна сезона доколку двете страни имаат заеднички интерес. Со тоа Белгиецот стави крај на шпекулациите дека можеби ќе замине од Неапол и ќе се пресели во Премиер – лигата. За него постоеше интерес и од Интер и од Јувентус, кои сакаа да го добијат како слободен агент, без отштета.

Сепак, Аурелио де Лаурентис успеа да го задржи во Наполи и тој ќе остане соиграч на Елиф Елмас. Дрис Мертенс доби 2,5 милиони евра бонус за потпис на договорот, а ќе заработува 4 милиони евра годишно, плус дополнителни премии за успеси со тимот во наредните две сезони.

Се вчитува...