Мертенс се премисли, останува во Наполи

Дрис Мертенс ги израдува навивачите на Наполи прифаќајќи ги понудените услови за нов договор со „сино-белите“ од Неапол. Актуелниот договор на Белгиецот истекуваше на крајот од сезонава, Арсенал, Челси, Монако и Интер, па до неодамна беше речиси сигурно дека тој ќе си замине од Неапол.

Сепак, по одличниот настап и голот против Барселона, Мертенс седна на маса со претседателот Де Лаурентис, при што начелно беа договорени условите за продолжување на соработката. Голгетерот е подготвен да потпише двогодишен договор за плата од 4,5 милиони евра по сезона, плус бонус од два милиони евра при самиот потпис на договорот.

Де Лаурентис по договорот со Мертенс сега го врти вниманието кон Калјехон, шпанскиот интернационалец што исто како и Белгиецот има договор до крајот на сезонава.

Се вчитува...