Мертенс со гол во 90. минута го спаси Наполи од пораз

Наполи успеа да се извлече без пораз против Рома во дербито на 10. коло во Серија А, благодарение на погодокот на Мертенс во 90. минута од средбата.

„Волчицата“ на гостувањето во Неапол дојде до предност со голот на Ел Шарави уште во 14. минута од средбата… Успеваше Рома да го одржи водството се до крајот кога Мертенс во самиот финиш успеа да израмни за конечни 1-1.

Наполи остана на второто место на табелата, сега со 22 бода, шест помалку од водечкиот Јувентус.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...