Мерцедес го сака Мик Шумахер

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, најави дека во германскиот тим се заинтересирани да потпишат договор  со Мик Шумахер (19). Синот на легендарниот Михаел Шумахер сезонава стана шампион во Формула 3 и од 2019 година ќе вози за тимот на Према во Формула 2.

Младиот Шумахер го привлече вниманието во автомобилскиот свет, не само поради презимето, туку и со својата умешност зад воланот.

Не е исклучена можноста Мерцедес уште во текот на наредната сезона да го обезбеди Мик Шумахер. Тој би влегол во болидот на Мерцедес  на крајот од 2019 година кога му истекува договорот на Валтери Ботас и многу е веројатно дека Финецот ќе биде ослободен од обврските. Досега како најсерозен кандидат за наследник на Ботас во Мерцедес се споменуваше Естебан Окон кој ги има симпатиите на Волф. Но, во германскиот тим се поизразен е интересот и за Мик Шумахер.

Мик ја освои титулата во Ф3 со мотор на Мерцедес, но сепак тој не е дел од нашата програма за возачи. Сега ќе вози во Ф2, но јас сум сигурен дека тој има потенцијал да стане победнички возач во Формула 1. Можеби со нас, можеби не“ – изјави Тото Волф.

Се вчитува...