Мерцедес ја погоди тактиката, Хамилтон го победи Ферстапен

Луис Хамилтон забележа уште една победа на стартот од новата сезона во Формула 1 шампионатот откако светскиот првак триумфираше на шпанското гран-при, по голема битка успевајќи да заврши пред Мак Ферстапен. Клучна беше погодената тактика од страна на Мерцедес, чии тимски шефови се решија за две влегувања во пит-стоп, овозможувајќи му на Хамилтон да стигне до 98. победа во кариерата.

Ферстапен одлично стартуваше, излезе на чело на колоната, но не успеа да се задржи на првото место до самиот крај. Хамилтон влезе по вторпат во пит-стоп на петнаесет кругови до крај, излезе со 23 секунди заостанување, а потоа почна експресниот лов на лидерот. Британецот на нови гуми од минута во минута ја топеше негативата, за на шест круга до крајот да успее да го мине Ферстапен и да стигне до нова победа. Челниците на Ред Бул го признаа поразот откако еден круг подоцна решија да го испратат Холанѓанецот на менување на гумите, за да не ризикуваат тој да остане и без втората позиција.

Третото место денеска му припадна на Валтери Ботас, додека Леклер во болидот на Ферари се најде на четртата позиција. Перез беше петтопласиран на денешната трка,пред Рикиардо, Саинц, Норис, Окон и Гасли.

Се вчитува...