Мерцедес му возвраќа на Ферари со иста мера

Ферари го осигура потписот на Луис Хамилтон од сезоната 2025 и со тоа остави празно место во болидот на Мерцедес. Британскиот тим веднаш започна потрага по неговиот наследник, а и покрај тоа што првично се споменуваше името на Фернандо Алонсо, шпанскиот возач ја продолжи соработката со Астон Мартин.

Овој потег го насочи погледот на Мерцедес кон друг Шпанец. Станува збор за Карлос Саинц, возачот на Ферари кој ќе замине од тимот токму поради доаѓањето на Хамилтон.

Според медиумите на „Островот“, Мерцедес и Саинц се во завршна фаза од преговорите за соработка која воедно би претставувала и возвраќање со иста мера.

Саинц оваа сезона вози одлично забележувајќи победа и две трети места на трите Големи награди на кои настапи со што во јавноста се постави и прашањето дали Ферари направи уште еден катастрофален потег?

Се вчитува...