Мешков Брест му извлече реми на Монпелје, Алборг сигурен со Елверум

Мешков Брест извлече реми на домашен терен против големиот фаворит Монпелје (31-31) и со тоа уште повеќе ги закомпликува работите за Вардар во А групата од Лигата на шампионите.

Белорусите одиграа одличен натпревар во кој цело време беа во егал со големиот фаворит и на крајот и повеќе од заслужено освоија бод кој на крајот може да биде од големо значење за пласман во нокаут фазата во елитното натпреварурвање.

Вајлупов со девет гола беше прво име во таборот на домаќините, додека кај гостите од Франција одличен беше Пелас кој заврши со 13 гола.

Алборг без поголеми проблеми славеше на гостувањето кај Елверум со 28-34. Данците во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на норвешкиот шампион да се понадева на победата. Клар и Бјорнсен со по шест гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Мате заврши со седум погодоци.

Се вчитува...