Меси: Да бидеме одговорни и да останеме дома

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси, кој нема обврски со клубот поради суспензијата на сите натпреварувања во шпанскиот фудбал, повика сите да бидат одговорни и да останат во домовите и со тоа да помогнат во запирањето на ширењето на коронавирусот.

„Ова е време во кое треба да бидеме одговорни и да останеме дома. Ова е перфектен начин да бидеме со семејствата, нешто што не можеме секогаш да го правиме. Ќе го искористам ова време за фамилијата и се надевам дека сите заедно ќе успееме да направиме пресврт на ситуацијата што е можно побрзо“ – порача Меси објавувајќи фотографија со децата.

Шпанија спаѓа во европските држави кои во моментов се најзагрозени од опасноста на коронавирусот. Според бројот на заболени, 4.200 според последните информации, Шпанија е на второто место зад Италија.

Се вчитува...