Аргентинската фудбалска репрезентација вчера попладне слета во Канзас сити, каде ќе биде базата на „гаучосите“ за време на претстојниот мундијал.
Сите беа во исчекување на Лео Меси, кој од синоќа се приклучи на националниот тим откако пристигна со приватен авион во Канзас сити. Крај себе Лео го имаше Родриго де Пол, Аргентинецот кој му е соиграч и во Интер Мајами, по што двајцата веднаш се упатија во тренинг-комплексот на аргентинската репрезентација.
Она што е најважно, рехабилитацијата на најдобриот аргентински фудбалер тече одлично. Селекторот Скалони нема да ризикува со Лео на пријателскиот меч со Хондурас закажан за сабота, но Меси речиси сигурно ќе биде „фит“ за првиот меч на Аргентина на овој мундијал, пресметката со Алжир закажана за 17 јуни.
Покрај Алжир, ривали на актуелните светски шампиони во групната фаза се уште и селекциите на Јордан и на Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
