Меси донесе OrCam магија за 11 деца и им го промени животот (ВИДЕО)

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси носи магија и надвор од фудбалскиот терен. Тој им помогна на 11 деца кои имаат проблеми со видот или воопшто не гледаат, донирајќи им го MyEye најновиот производ на израелската компанија OrCam, кој помага да ги аудио-визуелизираат предметите и лицата кои се пред нив.

„Среќен сум што можам да помогнам. Овој производ на OrCam е магичен“, изјави Лионел Меси, кој стана и амбасадор на MyEye производот на израелската компанија.

Со помош на овој апарат, луѓето со слаб или загубен вид можат да препознаваат лица, предмети, бои, продукти, и чини околу 4.000 американски долари.

Се вчитува...