Меси донирал еден милион евра, не сакал никој да знае

Лионел Меси донирал еден милион евра за борбата против пандемијата на коронавирусот. Донацијата ја поделил на клиниката во Барселона, која е центар за лечење од коронавирус во Каталонија, и на институцијата за борба против корона во родната Аргентина.

Најдобриот светски фудбалер не сакал да се знае за оваа негова донација во јавноста, но сето тоа се дозна откако клиниката во Барселона преку Твитер му се заблагодари на Меси:

„Лионел Меси ни донираше средства за борба против Ковид-19. Многу ти благодариме Лео“.

Од клиниката порачаа дека донацијата ќе ја искористат за „истражување и помош на пациентите, како и грижа за семејствата на лица заразени од коронавирусот“.

Се вчитува...