Меси: Доста ми е од се… Не може секогаш јас да бидам виновен!

Лионел Меси се врати од репрезентативните обврски во Каталонија и тоа прилично незадоволен. По неколку прашања поврзани со Барселона, Аргентинецот „пукна“ велејќи дека не може веќе за се што се случува во клубот тој да биде виновен.

„Доста ми е од се. Секогаш сум јас виновен за секој проблем во клубот. Да бидам искрен малку сум уморен од се што се случува во Барселона“, изјави кратко Меси и веднаш замина во автомобилот кој требаше да го пренесе во клубот. 

Тоа беше одговор на Меси на претходните изјави на поранешниот агент на Антоан Гризман, Ерик Олхатс кој за шпанските медиуми тврдеше дека Меси е проблемот во тимот од „Камп ноу“ бидејќи Барселона е негов роб.

Се вчитува...