Меси е импресиониран од Куман

Роналд Куман на само три натпревари ја предводеше Барселона, но наводно тоа било доволно да ги убеди најголемите ѕвезди на тимот дека работи во вистинска насока. Холанѓанецот го презеде тимот летово по тешкиот пораз од 7-2 од Баерн Минхен во Лигата на шампините.

Наводно играчите биле задоволни од отворениот пристапи и од начинот на работа на тренинзите тврди шпанскиот „Спорт“. Според медиумот дури и Лео Меси кој беше на заминување од клубот бил импресиониран. Куман потврди дека бил кај Меси дома за лице в лице да зборуваат околу заминувањето на Аргентинецот.

Барселона има две победи на трите одиграни средби од почетокот на сезоната во Ла Лига. славеше во дуелите со Вилјареал и со Селта пред ремито на домашен терен со Севилја. Во следното коло, в сабота, Барселона гостува кај Хетафе.

 

Се вчитува...