Меси е лут на Валверде: Зошто не игра Маскерано?!

Барселона е стопроцентна во Ла Лига на почетокот од новата сезона, забележа четири победи на исто толку натпревари, но Лионел Меси беше речиси незабележителен на последниот триумф против Хетафе (1-2) на гости. И веднаш почнаа шпекулациите дека Аргентинецот е лут на тренерот Ернесто Валверде. Вакви приказни имаше и порано, кога на клупата беше Луис Енрике, дека Лионел Меси сака да се меша во креирањето на составот.

Овојпат Меси е лут затоа што не игра неговиот добар пријател и сонародник, Хавиер Маскерано. Тој оваа сезона не е ниту блиску до првиот состав на Барселона, откако кормилото го презеде Ернесто Валверде. Новиот тренер смета дека Умтити и Пике се најдобрата солуција за стоперските позиции, но Меси очекува дека Маскерано ќе добие доволно можности за настап, иако веќе има 35 години.

Се вчитува...